Вчерашната петролна паника во источниот регион била непотребна и предизвикана од класично воено профитерство, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Во истиот контекст, ширењето масовни дезинформации со количините и цените на горивата, за првиот човек на Регулаторната комисија Марко Бислимовски е работа и за јавниот обвинител.
Вчера попладне на истото ова место имаше долги редици од автомобили чии возачи на моменти и панично се обидуваа да ги наполнат резервоарите. Заеднички за сите беше стравот и неизвесноста дека ќе нема гориво .
Меѓутоа веќе денес , сосотојбата е нормализирана и потрошувачката на горива е вообичаена. Дали ова значи дека стравот имал век од 5 минути.
По целата оваа ситуација, од Владата низ писмено соопштение категорично ги убедуваат граѓаните дека со бензините е се во ред:
Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката. Апелираме дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини.
Во истото соопштение , од Владата напоменуваат дека нема простор за загриженост и со нормалното снабдување на граѓаните со основните прехранбени производи.