Министерството за надворешни работи на Црна Гора го прогласи дипломатот од руската амбасада во Подгорица за персона нон грата давајќи му рок од 72 часа да ја напушти земјата. Во соопштението од Министерството се вели дека причина за донесување на оваа одлука се активностите на рускиот дипломат кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.