7.5 C
New York
Sunday, December 4, 2022

Buy now

spot_img

Виница и Кочани ќе организираат хуманитарна помош за збратимените општини од Украина

Македонска Виница е збратимена со Виница од Украина која во моментов тешко страда од воените операции. Вчера и завчера градот и регионот Виница се бомбардирани, а градоначалникот изјави дека таа е срамнета со земја.

Нашиот прекрасен град и областа Виница се  жртви на воена агресија која градот речиси го срамни со земја. Луѓето масовно бегаат, но најчесто не знаат каде. Итно ни е потребна помош, изјави Володимир Гројсман, претседавач на Градскиот совет.

Идентична е состојбата и со општината Перејаслав Хмељнитски која исто така е на линијата на огнот:

Градовите  Виница  и Перејаслав Хмељнитски од Украина, кои сега очајно бараат помош, нам ни се познати одамна бидејќи церемонијално, македонска Виница и Кочани, со нив се збратимија пред 10-тина години и тогаш си ветија соработка и помош. Сега, недвојбено, е време кога на украинските општини треба да им се помогне.

Идентично со граѓаните мислат и градоначалниците Петков и Папазов кои најавија дека Виница и Кочани, ќе ги отврорат срцата за Украина:

Организирање хуманитарна помош за Виница и Перејаслав Хмељнитски е очекувана реакција во оваа ситуација,  а тоа веќе го направи Делчево, откако организираше хуманитарна акција за својот збратимен град  Терноил.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,595FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles