Мировните сили на Европската унија во Босна и Херцеговина соопштија дека Франција од денеска ќе врши обучувачки воени летови над БИХ, поради влошената меѓународна безбедносна ситуација. Минатата недела, ЕУ одлучи да ги зголеми силите на ЕУФОР од 600 на 1 100 војници од Австрија,Бугарија,Романија и Словачка, со цел да се спречи потенцијална нестабилност по рускиот напад врз Украина.