Полицијата се уште трага по 74-годишниот Карим Демиров од пехчевското село Црник, кој пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и се уште не се вратил во родното село. Исчезнувањето, како што информираат од полицијата, го пријавила неговата сестра од Делчево.
Пријавата ја добивме на 5 март во 20:15 часот. Во Полициска канцеларија Пехчево А.Ќ.(57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат, кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 3 март 2022 по сопствено барање го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека до моментот Демиров се уште се нема вратено во неговиот дом во Црник. Во меѓувреме се преземаат мерки за негово пронаоѓање.