Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија да не ја покачуваат цената на лебот и таа останува 25 – 27 денари. Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови. А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот фб профил.