15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Драматична берзантска ситуација.  Цените на горивата ноќеска  достигнаа апсолутен рекорд

Цените на горивата од ноќеска ја достигнаа највисоката точка  и постигнат е апсолутен рекорд, поради драматично неизвесната  берзантска состојба на овој производ.

Последното зголемување на нивните цени потсети на сега веќе далечната 2012 година  кога беше забелжан рекорд. Тогаш, тие беа следните: еуросупер 95 – 89 ден/литар, еуросупер 98 -90,5  и еуродизел 73,5 ден/лит.

Сега, овие цени се надминати  и шокантни за сите.

Од полноќ еуросупер 95  чини – 89,50 ден/литар, еуросупер 98 – 91,50  и еуродизел 85,50 ден/лит.

Овие цени за граѓанинот веќе се граничат со неверување , бидејќи кај нас речиси нема плата со која може нормално да се купуваат горивата.

Сепак први кои ќе имаат огромни последици и жесток удар врз работењето се транспортерите кои во моментов не знаат што со себе:

Жестоките цени на горивата се елементарна закана за сите сегменти на економијата и според експертите неказнети ќе нема:

Во моментов, никој не знае дали и до кога  цените ќе останат на сегашното ниво, зашто реални се претпоставките дека ова, можеби и не е нивното последно скалило. Енергетскиот пазар е крајно неизвесен, исто како и воените случувања во Украина. Сето ова, целата економија ја става во длабоко нејзино заложништво, единетвени се  експертите.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles