15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Претставници на ЈП со Синдикатот се договараат за скалесто покачување на платите

Претставници на ЈП-ја со Синдикатот разговараат за покачување на платите на вработените по скалеста формула. На оваа тема, веќе разговараа претседателот на Асоцијацијата на јавни комунални претпријатија Иван Иванов и прет. на ССМ, Дарко Димовски:

Платите во јавните комунални претпријатија се едни од најниските и затоа овде мора да има корекции. Во тек се разговори за потпишување на нови колективни договори и изнаоѓање начин и динамика за усогласување на платите и во овој сектор, вели Дарко Димовски, прет. на ССМ

Од јавните претпријатија  тврдат дека немаат ништо против зголемување на платите, но финансискиот момент сега е многу суптилен, бидејќи нивните трошоци се неколкукратно зголемени:

Исходот од овие разговори, со оглед на сите околности е  тешко предвидлив, но јасно е дека промени во платите се потребни, но прашањето е дали претходно работењето на ЈП-ја, не треба да се реорганизира.

ЈП-ја во принцип, досега се третираа како неисцрпна можност за злоупотреби  од повеќе видови, очигледен финансиски криминал, превработеност по партиски инструкции, неводење грижа за имотот и работна недисциплина.

Сето ова, нив ги одведе во голем финансиски колапс и ретко кое е со позитивно финансиско салдо. ЈП-ја во источниот регион  бележат милионски суми загуба во евра, а главна причина е несовесноста и нестручното работење.

Во источниот регион, типичен пример е ЈП Исар од Штип, каде сегашното раководство наследи долг од 5 милиони евра.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles