Денес започнува организиран скрининг за рана детекција на рак на грлото на матката. Прегледот е бесплатен, а опфатени се жени на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немале направено ПАП тест. Прегледите ќе можат да се закажат на платформата skrining.mk , која е директно поврзана со Мој термин. За оваа потпрограма во рамки на програмата за рана детекција на малигни заболувања годинава се издвоени 11 милиони денари.