Денеска во Пловдив, Бугарија стартува ЕП за борачки до 23 години. Прва од Македонија ќе настапи единствената претставничка, Марија Спирковска од Вардар.. Таа, во категоријата до 50 кгр. ќе се бори со претставничката на Азербејџан, која на последните Европски и Светски првенства ги освои вторите места.
„Ова е прва девојка, жена, од Македонија која ќе учествува на едно ЕП. Очекувам да се претстави во најдобро издание. Сакам да и упатам благодарност на компанијата Новаградба која обезбеди опрема за Марија Спирковска и за мене. …“- ни рече Чедо Николовски, двократен Олимпиец на Македонија, кој е претседател на Вардар, На ЕП , како тренер ,ја води Марија Спирковска.
В четврток на душеците во Пловдив ќе се појават и мажите.. Најмногу се очекува од Бесир Алили од Лирија , европски кадетски шампион, Столе Ефтимов од Балканец , Фати Вејсели…