21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Како  бензинот  со   основната  цена од  46,7 денари стигнува до  89,50 денари

Цените на горивата  отидоа предалеку, а дебатите  што во оваа ситуација може да направи државата се присутни како никогаш, иако малкумина точно знаат  како цените стигнуваат до граѓаните и фирмите.

 Тоа што сите го знаеме е дека цените на горивата се следните.

•        Моторен бензин од 95 октани чини 89,50 денари по литар

•        Моторен бензин од 98 октани чини 91,50 денари по литар

•        Дизел гориво чини 85,50 денари по литар

Но, еве како се стигнало до овие цени. Имено, набавна цена за моторен бензин од 95 октани изнесува 46,702,  за  бензин од 98 октани  48,461 денари  и  за дизел гориво  50,561 денари по литар.  На нив подоцна се надоградуваат  следните трошоци.

За „склад и маржа“:

•        5,4 денари по литар моторен бензин од 95 октани

•        5,3 денари по литар моторен бензин од 98 октани

•        5,3 денари по литар дизел

Во цената влегува и надоместок за транспортни трошоци од склад до бензински станици кој  изнесува дополнителни:

•        0,75 денари по литар за сите видови моторни горива. На нив веднаш се надоградуваат и надоместокот за животната средина кој  изнесува 0,080 денари за литар бензин, односно 0,030 денари за литар дизел.

 Значајно поголем е надоместокот  за  задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за што се плаќа

•        0,89 денари по литар бензин

•        0,30 денари по литар дизел

 Акцизата, како највисока ставка изнесува:

•        22,00 денари за моторен бензин од 95 и од 98 октани и

15,50 денари за дизел гориво.

На крајот следува  ДДВ  од 18% со што  се заокружува и   малопродажната цена на горивата.

Оттука, сите копја околу евентуланит намалување на цената на горивата   се кршат околу споменатиот  дел на државата кој изнесува 22 денари, а кој некои експерти но и опозицијата  бараат да биде преполовен за  горивата да  бидат за 10 денари поефтини по литар.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles