Од денес и официјално започнаа преговорите за повисоки плати на вработените во јавните комунални претпријатија. Синдкатот на УТКОЗ бара итно потпишување на колективни договори и зголемување на платите веднаш :
Презентиравме одржлив модел за платите на работниците веднаш да се зголемат, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на комуналните претпријатија, велат од УТКОЗ.
Како основа за покачувањето на платата се зема минималната плата која треба да се помножи со коефициентот на сложеност на трудот. Дополнително за работа во недела, се бара исплата на дневница која е најмалку 50 % повисока од вообичаената.
Барањата на Синдикатот доаѓаат во време кога ЈП-ја се соочуваат со сериозни предизвици од цената на струјата и горивата, како и покачувањето на минималната плата.
Оттука, прашање е колку тие , во моментов, можат д аудоволат на барањата на Синдикатот:
Независно од се од СУТКОЗ се надеваат дека ќе најдат заедничко решение со раководствата на јавните претпријатија кои ќе бидат во интерес на работниците, но кои, во исто време, нема негативно да се одразат на нормалното работење на претпријатијата.