17.5 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Произвидството за германската автомобилска  индустрија  во Македонија ќе биде стопирано, најавуваат од Германската  комора 

Сите  производители за германската автомибилска индустрија во Македонија  наскоро може да се соочат со запирање на производството и клуч на врата на погоните, најавија од Германската   стопанска комора.

Првиот човек на Делегацијата на германското стопанство, информира дека автомобилската индустрија е во голема криза, а германските производители се принудени да го стопираат своето производство.

Тоа ќе има директни последици и врз македонските компании кои работат со германските, односно и нив им се заканува стопирање на производството, укажува директорот на Германската комора.

Сите сме шокирани од војната која започна против Украина и страдањата кои му се нанесуваат на украинскиот народ. Отсега мора да се соочиме со неочекуваните удари кои ќе ја погодат економијата. Германските производители во автомобилската индустрија се принудени да го стопираат своето производство, стои во воведот од Дописот 

Она што на никој воопшто не му се допаѓа  е вториот дел од Дописот каде децидно стои.

Ова ќе има директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во Северна Македонија. Поради Виша сила, им се заканува стопирање на производството на производителите од автомобилската индустрија кои се дел од интернационалниот синџир на добавувачи во Северна Македонија. Во Украина се погодени 30.000 работни места кај германски и 10.000 работни места кај други интернационални инвеститори од автомобилската индустрија“, пишува Мартенс во својот допис до јавноста.

Инаку, Германија е прв економски партнер на  Македонија и со неа годишно имаме размена  на околу 4 милијарди  евра.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles