СВР Штип расветли серија на тешки кражби во Виница,уапсени се четири лица од кои едното од Радовиш, тројца од Виница, на возраст од 18 до 26 години. За краток временски период криминалната група успеала да направи дури 10 кривични дела.
По целосно комплетирање и документирање на случајот, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.