19 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Четворицата  кандидати за  локални лидери на СДСМ  Штип на партијата и се малку.  Ќе има екстра продолжение  на роковите  и нови кандидати, велат високи партиски функционери за ТВ Стар

Изборот на локален партиски лидер на СДСМ Штип најверојатно ќе се пролонгира, иако процедурата  е речиси  завршена  а  некои од роковите  се пробиени,  изјавија  високи партиски функционери за ТВ Стар.

Кандидатите  се истакнати  наши  членови и зад  себе се со завидни постигнувања, но СДСМ е голема партија  за да има само 4 претенденти за  престижното место прв човек  на Штип. Во интерес на сите е конкуренцијата да се зголеми  со нови имиња  поради што  ќе се даде можност во трката да се вклучат и нови лица, велат извори  од партијата. 

Ова практично значи дека  изборот  се  одлага на неодредено  но не  не и  за предолго  идно време. СДСМ, особено во Штип, бара итно соземање  и итна партсика реконструкција  на сите нивоа зашто уште еден евентуален  пораз на следните избори,  партијата  може да ја доведат на ниво  од   деведесетите години,  коментираат  партиски аналитичари.

Токму и поради ова,  се заклучува аналогно, не и некоја мистерија  што  потпреседателката Сања Лукаревска  и останатите точно  запишале во своите нотеси  на интервјуата со кандидатите  Билјана Казанџиска, Ѓорѓи Хубрев, Александар Кангалов и Павел Иванов  кога тие ја образлагале својата програма. Деталите се небитни а  заклулокот  се наметнува сам.

Имено, фактот што  во меѓувреме,  прекутно се одобрува  продолжение на  рокот за пријавување  и дека  тоа  ќе го искористат најмалку  двајца нови  претенденти оди в прилог на тезата  дека  се бара  посилна  конкуренција и дека ќе има уште најмалку двајца нови  аспиранти.  Дали токму некој од нив ќе им ги поремети  плановите на  актулените  кандидати  е  неизвесно, но  сигурно е дека  сегашните четворица   наскоро ќе бидат  најмалку шестмина.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles