Денес во Штип, по долго боледување , на 58 години почина Вилијам Стојменов, некогашен советник во СО – Штип и еден од најдобрите штипски кошаркари во историјата на овој спорт. Стојменов, го држи апсолутниот македонски рекорд, со најмногу постигнати кошеви, 66 на официјален натпревар. Кариерата ја градеше во КК Астибо, а неколку години настапуваше во прволигашка конкуренција, носејќи го дресот на КК Струмица.
Вилијам Стојменов, ќе биде погребан утре во 13.00 часот на Градските гробишта во Штип.