Во македонска Каменица, во тек е замена на стара и дотраена водоводна линија на крак од улица Каменичка, со што десетина домаќинства ќе добијат квалитетна вода за пиење. Со поставувањето на новата водоводна линија ќе се надминат честите дефекти во овој дел од Македонска Каменица. од општината најавуваат продолување на ваквите активности на целото општинско подрачје.