За патување во Грција, од утре, повеќе нема да биде потребно да се пополнува формуларот ПЛФ , што веќе 20 месеци беше задолжителен и неопходен документ за влез во земјата. Задолжителното пополнување на ПЛФ формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година кога по првиот бран на Ковид-19 и првиот карантин постепено почна да ги отвора границите за странски државјани.