Од агенцијата за храна и ветеринарство гарантираат за квалитетот на домашното и увезено месо од живина и покрај тоа што птичијот грип е присутен во регионот и кај нас. Месото од заболено животно не може да дојде на пазарот бидејќи од домашниот пазар се проверува веднаш, а увезеното влегува со потпишан ветеринарен сертификат, тврди првиот човек на АХВ Николче Бабовски.