Успех на младата штипска каратистка Бојана МАНЕВА од КК Штип на Државното првенство во Скопје. Таа го освои третото место во својата категорија. Потоа продолжи, со уште три натпреварувачки, во плеј офот.. И таа ,како Григор Хаџи-Кимов беше прва во плеј офот.
Во плеј офот настапивме 4 каратистки. Јас бев прва, ја победив најдобрата.Но, тоа не беше доволно да учествувам на ЕП во Турција. И лани бев најдобра во плеј офот , па не заминав на СП во Дубаи. Велат , такви биле правилата изјави Бојана МАНЕВА