Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација. Оттаму апелираат до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи.