Фирмите “Мода” и “Камотекс” од Свети Николе се првите текстилни компании во Државата кои потпишаа колективен договор со Синдикатот за скалесто покачување на платите.
Овие две компании заедно имаат околу 450 вработени, и од април кога започнува примената на новата минимална плата, постепено ќе се работи и на усогласување на останатите плати:
Од Синдикатот се оптимисти дека, во периодот што следи, идентични колективни договори ќе се потшишат и со други компании од текстилната и кожарската индустрија:
Во текстилната и кожарска индустрија работат околу 40.000 работници. Според Заводот за статистика, заклучно со декември минатата година, просечната плата во овие сектори изнесувала околу 20.000 денари.