Домашна безбедносна камера, синоќа на дело снимила крадец како влегува и краде од двор на улицата Сутјеска во Штип. Иако домаќинот реагирал, крадецот сепак бил побрз, па оттаму си заминал со нови патики. Снимките се предадени и на полицијата чија обврска е да го идентификува и приведе крадецот.