Со повеќе повреди на телото завршил 67 годишниот татко на светиниколчанецот О.Д. Повредите се резултат од ќотекот кој го добил старецот од неговиот син,посочениот 40 годишен насилник. Натепаниот ќе завршел уште полошо доколку најблиските веднаш не повикале полиција. По комплетирање на случајот против О.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.