Агенцијата за борба против корупцијата на Косово покренала предистражна постапка за министерката за надворешни Работи, Доника Грвала, поради сомневање дека не пријавила дека е сопственик на деловна компанија во Германија. Таа исто така не ја информирала Комисијата и дека е директорка на фондација во Косово, а не ги пријавила ниту имотот на нејзиниот сопруг и децата.