Со почетокот на пролета започнува и сезоната на зелените салати чиј дел е и на малата специфична ротквица која за многумина е многу неодолива. Толку мала, а исполнета со изобилство од витамини и минерали. Токму затоа ретко кој ротквица не пробал и не знае за нејзиниот специфичен вкус.
Но, како ротквицата се произведува и корисноста :
Инаку ротквицата доаѓа од Средна Азија и е позната уште пред 1000 години. Оттогаш до сега е незаменлив дел од зелените салати. Таа е многу здрава и полезна, полна со витамини и минерали, но исто така од неа има многу придобивки за кои луѓето не се ни свесни.
Ротквицата има значајна улога за кардиоваскуларниот систем, помага при намалување на болката при остеоартрит, добра е за здравјето на кожата и секако има антиканцерогено дејство, односно го намалува ризикот од канцерогени болести.
Освен ротквицата која ја има во изобилство, штипскиот пазар беше исполнет со многу свежи намирници, а најпродаваните производи напладне ги имаа следните цени:
Кромид 40 домат 70
Компир 40 банана 70
Цвекло 40 портокал 35
Марула 25 јаболко 40
Зелка 50 лимон 50