Три масовни протести се закажани за утре и задутре од страна на четири синдикални здруженија. Сите тие деновиве упатија апели за масовно присуство на нивното членство, а повикот на сите се однесува на повисоки плати и подобри услови за работа.
Први, сабота за протести ја резервираа од Независниот синдикат за образование и наука кои побараа примена на колективните договори и усогласување на платите, притоа заканувајќи се дека се подготвени и на кампување доколку платите не бидат зголемени.
Во исто време, двата полициски синдиката, се здружија за следните барања: зголемување на платите, исплата на регрес за годишен одмор, исплата на ветениот ковид додаток и почитување на законските прописи во однос на распоредување на работниците во МВР.
Речиси во последен момент, односно денес , протести најавија и вработените во АД Пошти кои во недела ќе промовираат речиси идентични барања.