Владата доставила позитивен одговор и прифатила средба со Заедницата на единици на локална самоуправа на која ќе се разговара за проблемот со високите сметки за електрична енергија, изјави денес претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска:
Ваквата одлука на Владата, за Општините е спас во последен час, бидејќи веќе трет месец плаќаат превисоки сметки за струја:
Овој проблем е особено голем за најмалите општини кои поради пренасочување на парите речиси немаат никакви активности:
Иако надежта на општините сега е во владината помош, нереално е да се очекува дека таа ќе трае исто толку колку што и енергетската криза. Поради ова, сосема е извесно дека општините итно треба да бараат сопствени решенија како ќе ги подмируваат високите сметки или, пак, ќе берата алтернативни решенија, како на пример, поставување на фотоволтаици и сл. Во некои општини, на оваа тема веќе се размислува.