11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Владата за 7 дена на поштарите треба да им испорача повисоки плати

За 7 дена, Владата треба да изготви финансиска конструкција за зголемување на платите во АД Пошти . Ова е епилог од средбата помеѓу директорот Јани Макрадули со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, но и со претставници на Синдикатот.

Откако ќе биде изготвена финансиската конструкција, ќе се одржи повторно средба на вицепремиерот со Синдикалните организации и Управниот одбор за усогласување на динамиката за линеарно покачување на нето платата на вработените во националната Пошта, информираат од Синдикатот.

Според предлогот на Синдикатот кој е прифатен од Управниот одбор на Пошта, платите во оваа компанија треба за се зголемат за 3.000 денари, почнувајќи од март. Сепак, дали ова ќе биде и навистина така, ќе се знае по 7 дена за кога е закажана нова средба со вицепремиерот Битиќи.

Одлуката на Владата да се  занимава со прашањето плати во АД Пошта доаѓа по притисокот од Синдикатот кој во неделата требаше да одржат протест , но по добиените сигнали за поинакво решавање на проблемот , протестот беше откажан.

Во меѓувреме, Владата ги прекина разговорите за усогласување на плаите со УПОЗ , што кај синдикатот предизвика ново незадоволство:

Поради прекинот на социјалниот дијалогот и неинформирањето на синдикатот, јавно ги повикувам сите членови на Синдикатот на УПОЗ и сите вработени во управата и правосудството кога Синдикатот ќе повика да го искажеме незадоволството преку прекин на работа и излегување на протест. Доколку не се предвиди усогласување со минималната плата ќе се договориме сите синдикални организации за времето и начинот на одржување протест, изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Од УПОЗ потенцираат дека во моментот има од 15.000 до 16.000 вработени, кои земаат плата со Закон во јавниот сектор и доколку нема измени нема да добијат ниту минимална плата, ниту било какво друго усогласување со плати.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles