16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

За еден месец , за починати пензионери се исплатени неверојатни 709.000 евра од Солидарниот фонд

Фрапантно висока сума е исплатена од Солидарниот фонд за само еден месец. Во февруари, за покривање на погребалните трошоци за 2.504-ца  пензионери, исплатени се 709.000 евра.

Сумата е меѓу највисоко исплатените досега и укажува на висока смртност кај оваа категорија на граѓани каква што досега немало:

Во најкраткиот месец од годината, статистиката на ПИОМ покажува смрт на 2.504 пензионери од кои 1.966 биле мажи, а останатите 538  жени. Најголема смртност има кај корисниците на старосна пензија, а најмала кај корисници на инвалидски пензии, стои во месечниот извештај на Фондот за ПИОМ.

Податоците за смртноста на пензионерите покажуваат дека од почетокот на годината, починати се вкупно 4.243 пензионери, 3.355 мажи и 888 жени. Најголем број починати биле корисници  на семејни пензии, додека најниска смртност е регистрирана кај жени корисници на семејни пензии.

Само од почетокот на годината, од Солидарниот фонд се исплатени 1,4 милиони евра, што беше причина сумата која се издвојува за оваа намена да се зголеми на 150 денари, а исплатата да се намали на 25.000 денари. Нешто на што, неодамна реагираа од Здруж. на пензионери-инвалиди:

Освен ова, за исплата на парите од Солидарниот фонд се чека и до три месеци, што за семејствата е предолго:

За дел од поранешните раководства на штипското здружение на пензионери, парите  треба да се вратат од Фондот во Здруженијата, зашто така исплатата била и побрза и повисока:

Инаку, во Државата има 330.000 пензионерти кои месечно во Солидарниот фонд уплаќаат околу 800.000 евра.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles