11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Интервентна помош од државата за ѓубрива ќе добијат и производителите на сончоглед, пченка и ориз, најави денес од Штип министерот Љупчо Николовски

Интервентна помош од државата за ѓубрива ќе добијат и производителите на сончоглед, пченка и ориз. Ова денес во Штип го најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски потенцирајќи дека на предлог на Министерството ќе се бара од Владата проширување на програмата за интервентна помош во  земјоделието, за да се поттикне производството на храна.

Дополнително, потврдено е дека од Србија ќе се испорачаат сите договорени количини на рафинирано и нерефинирано масло за јадење.

Од наредната недела , започнувата средби со земјоделците за т.н. договорно производство кое освен за сончоглед ќе се однесува и на производство на маслодајна репка.

Најголемиот прозводител на масло за јадење во давата, штипски Брилијант има залихи за уште два до три месеци, но оттаму потенцираат дека производната цена е варијабилна и зависна од берзантските движења.

Во однос на недостигот на масло за јадење во  малопродажбата, од Брилијант потенцираат дека тоа не е резултат на реален недостоиг на масло, туку дека одреден период тие не пуштале масло во продажба поради нејаснотии околу владините мерки. Во моментов сите дилеми биле разјаснети и доволни количини на  масло се пуштени во продажба.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles