11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Иницијатива на Синдикатот и Гласен Текстилец. Никој од градежниците не смее да работи 60 часа неделно. Уставниот суд одлучува

Градежните работници чии фирми се утврдени како стратешки со закон за утврдување на стратешки партнери, според истиот закон можат да работат и до 60 часа неделно. Во случајов се работи за фирмите Бехтел и Енка, кои се изведувачи на дел од патниот коридор 8 и кои во текот на градежната сезона ангажираат неколку стотини работници.

Ова за Синдикатот и Гласен Текстилец е недопустливо од следните причини

Оспорен е член 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8. овој дел предизвикува правна несигурност и е во спротивност на уставните и законските норми коишто го регулираат работното време на работниците и правото на неделен одмор, велат од ССМ.

Уставниот суд заедно со уште три други иницијативи утре ќе ја разгледува и иницијативата на Синдикатот и Гласен Текстилец, по што конечно ќе се знае колку часа неделно ќе биде можен ангажманот на овие градежни работници.

Синдикалното инволвирање во овој случај доаѓа откако беше донесен Законот за недела неработен ден, на што некои големи странски компании остро се спротиставија. Тие Владата практично ја ставија пред свршен чин заканувајќи се со повлекување од договорите што пак за Гласен Текстилец е исто така недопустливо.

Сега се е во рацете на Уставниот суд, по што ќе се знае дали Законот за работни односи ќе важи за сите или неговиот член 12 кој ги штити т.н стратешки партнери и понатаму ќе остане во сила.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles