15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Поплавите во декември направија штета од  3 мил ден во СОУ „Гошо Викентиев“. Општина Кочани  парите ќе си ги бара преку суд

Три милиони денари е проценетата штета од поплавувањето на внатрешноста по протекувањето на кровот во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани, што се случи пред три месеци. Компјутери, инвентар и друга опрема во вредност од околу 50 илјади евра не можат да се користат и потребна е целосна замена, покажала стручната проценка на штетата од поплавувањето .

Просториите што беа поплавени пред три месеци сега се затворени и чекаат реконструкција на инсталацијата и внатрешноста. Од страна на училиштето беше ангажиран овластен проценител кој ја утврди висината на штетата на околу три милиони денари.

На изведувачот на градежните работи му беше понудена можност за спогодба, со цел да се надмине неповолната состојба за двете страни, но немаше слух за тоа и очекувањата се дека решението ќе мора да се бара по судски пат. Компјутерската опрема е целосно оштетена, а само дел од инвентарот, односно клупите и столовите ќе можат повторно да се користат, за што ќе одлучат службите во училиштето, истакна градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

По протекувањето на кровната конструкција што се реконструираше, во средината на декември минатата година беа поплавени десетина училници и кабинети, помошни простории и холовите на два ката од СОУ „Гошо Викентиев“.

Електричната енергија во објектот беше исклучена и немаше услови за физичко присуство на часовите, а наставата се одвиваше онлајн заради безбедност на учениците и вработените во училиштето.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles