15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Државата и газдите да ги усогласат платите веднаш, бара синдикатот

По покачувањето на минималната плата, работниците и синдикатот бараат итно усогласување и на останатите плати, поради што гранковите синдикати најавуваат штрајкови и протести. Откако пред два месеца се постигна договор за „минималец“ од 18.000 денари, речиси секојдневно синдикални претставници се на нови преговори со Владата или ресорните министерства.

Во овој контекст е и најавата за двочасовен предупредувачки протест што за 7 и 8 април го најави синдикатот на УПОЗ.

Според УПОЗ, вработените во правосудството се најоштетениот дел од вработените во јавниот сектор. Таму, од 2012 година наваму платите пораснале за 9,4 %, додека во истиот период, на државно ниво, минималната плата се зголемила за 123,6 % , а просечната за 43,4 %.

Дополнително од УПОЗ се категорични дека дури и овој месец, во правосудството не се исплатила минималната плата со зголемениот износ.

Според Законот за минимална плата, работодавалите имаат рок од 6 месеци да ги усогласат останатите плати со минималната, но од Синдикатот бараат тоа да се случи веднаш и сега, зашто цените не признавата рокови.

Инаку, протести и штрајкови најавија и СОНК и  вработените во Пошти. Сите тие бараат покачување или усогласување на платата, нешто што е прашање дали и колку буџетот може да го издржи.

Колку за илустрација, дури и во случај, Владата да го прифати компромисното решение на Синдикатот, за линеарно зголемување на платите од 2.800 денари за сите, тоа е месечен трошок од 7 милиони евра. Варијантата усогласување и скалесто покачување, е неколкукратно повисока.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles