Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград рано утринава беше затворен, поради дојавата за наводна бомба. Вработените и патниците биле пуштени во аеродромската зграда малку по 5 часот утринава. Објавена е информација за доцнење на полетувањата на речиси сите утрински летови, по што авиосообраќајот постепено се нормализирал.