На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година. Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.