16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

По три дена штрајк СОНК и Владата влегоа во преговори.

По три дена масовен штрајк , СОНК и Владата преговараат објави претседателот Јаким Неделков:

Синдикатот доби покана за продолжување на преговорите. СОНК ја поддржува заложбата на МОН за одвојување пари од буџетот со цел доближување до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот. Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација, истакна Неделков.

Зошто мораше да се случи штрајк и образовниот процес да биде парализиран , објасни министерот Јетон Шеќири:

МОН немаше намера да го проверува трпението и одлучноста на СОНК. Во прашање беше пресметката кое нашето Министерство ја чекаше од Министерството за финансии за да се утврдат можностите дали 18 % ќе бидат возможни, вели министерот Шеќири.

Двете страни денес ги започнаа разговорите за решение, но во меѓувреме, незадоволство поради штрајкот се собра прилично.

Во меѓувреме, ВМРО ДПМНЕ најави предлог закон во намерата да се најде решение за проблемот.

Епилогот од денешниот повторен почеток на преговорите за покачување на платите во  образованието го очекуваат околу 25.000 членови на СОНК кои веќе трет ден штрајкуваат.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles