11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Штрајкот на поштарите е ставен во мирување. На ветеното ќе поверуваат кога ќе се стават потписи

Генералниот штрајк во националната „Пошта“ што почна вчера е ставен во мирување до 27-ми месецов. Дотогаш треба да биде потпишана спогодба со која ќе се  овозможи ефектуирање на ветувањето за зголемување на платите на вработените за 3.000 денари, информираа денеска синдикалните организации.

Оттаму најавија дека работниот процес „Пошта “ ќе се одвива непречено во сите поштенски единици:

Синдикалните организации го прифатија предлогот на Управниот одбор, и во текот на вчерашниот ден Управниот одбор донесе одлука за линеарно покачување на платите на вработените која гласи: Се прифаќа барањето на Синдикалните организации на А.Д Пошта на РСМ за линеарно покачување на платите на вработените во износ од 3.000 денари. Динамиката на линеарно зголемување на плата со прво за вработените во технолошкиот процес платата ќе се зголеми со исплата на плата за јуни, за останатите вработени во администрација платата ќе се зголеми со исплата на плата за август, наведоа во соопштение синдикатите.

По постигнатиот договор за повисоки плати синдикатите и генереланиот директор Јани Макрадули побараа што побрзо да се изгласаат измените на Законот за поштенски услуги, со кои повторно ќе се одложи либерализацијата на поштенскиот пазар во делот на универзалната услуга, што е во сила од почетокот на годинава.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles