15.1 C
New York
Saturday, October 1, 2022

Buy now

spot_img

Николовски:оризот да влезе во стоковите резерви

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски при денешната работна посета на кочанскиот оризопроизводствен регион, нагласи дека иако оризот не е влезен во интервентните мерките за поддршка при набавка на вештачко ѓубре, се планира да се вклучи во државните стокови резерви како помош на земјоделците во пласманот на произведените количини.

Владата ја донесе програмата за усвојување на интервентниот фонд од околу 7 милиони евра и во овие мерки се опфатени пченицата, пченката, јачменот и сончогледот. Оризот не спаѓа во делот за набавка на ѓубрива, но се креираат нови мерки за поддршка. Наш предлог до Министерството за финансии, што веќе е пријавен, е оризот да влезе како стратешка култура во набавката на стокови резерви и верувам дека тие законски измени наскоро ќе бидат направени, изјави Николовски.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles