16.1 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Претстои сезона на пожари. источниот регион повторно ќе го чека – неорганизирано

Општините од источниот регион и оваа година нема да успеат да се договорат и да се организираат заеднички да се справуваат со евентуалните пожари од поголеми размери.

Идејата за формирање на регионален противпожарен центар се уште е во фаза само на идеја.

Веројатно, за спроведување и организација на една ваква идеја, логистичка но и друг вид на поддршка ќе биде неопходна и од Државата.

По неможноста оваа идеја да се реализира и годинава, општините, особено оние кои беа најпогодени од минатогодишните шумски пожари, се организираат повторно самостојно.

Формирање на заеднички центар  за справување со пожари, меѓу другото  подразбира секоја територијална единица да  набави различен вид на опрема и возила. На овој начин, целокупната поединечна опрема би се ставила на располагање во случај на големи пожари, а регионот ќе располага со доволно и соодветен број возила за интервенции.

Токму намањето на теренски возила за гаснење пожар, лани се покажа како најголем проблем во брзото и навремено справување со пожарите.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles