11.2 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Туризмот и трговијата на мало  во недела да работат.   ВМРО ДПМНЕ  ке предложи  законски измени  и бара поддршка.

ВМРО ДПМНЕ  ке поднесе Закон за измени на  Законот за  трговија  со кој на туризмот и трговијата на мали ке им се овозможи работа во недела, соопштија од партијата.

 Статистиката покажува дека во недела и за време на празник, посетителите се слободни и своето време го користат за туризам и купување во туристичките места. Од таа причина, сакаме да ја информираме јавноста дека денес ќе поднесеме Предлог-закон за изменување на законот за трговија, истакна Лидија Петкоска, пратеникот на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од причини што туристичките места ги посетуваат бројни домашни и странски туристи кои доаѓаат најчесто за време на викенд и празници, односно повеќе само на еден ден, а тој ден е токму недела или празник, на барање на туристите и трговците од туристичките места за подобрување на состојбата во оваа област, поднесуваме Предлог-закон согласно кој трговијата на мало ќе може да се врши и во недела во туристичките места утврдени со законот за туристичка дејност.

Освен во туристичките центри, реакции за законските измени за Неработна недела  имаше  доста и  од граганите но и од трговците  кои значаен дел од  прометот остварувуваат токму во недела.

Законот за Неработна недела започна да се  применува од Нова Година  оваа година  а измените беа по иницијатива на Сјузот на синдикатте на Македонија.  Дали опозицискиот предлог ке помине  е неизвесно но од ВМРО ДПМНЕ  повикаа на широка  поддршка   за измени на посточекиот закон.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,498FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles