21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Македонските фабрики за масло, повторно во проблем. Наместо најавената суровина Србија денес на Македонија и извезе зејтин

Македонските фабрики за производство на масло за јадење повторно се во сериозен проблем, откако најавената количина од 2.000 т нерафинирано масло од Србија, денес не пристигна, а цистерните се вратиле празни.

Наместо тоа, Србија пуштила за извоз само рафинирано масло во пакување од 1 литар кое доаѓа со нивни бренд.

Ова значи дека за да работат штипски Брилијант, велешки Кристал и струмички Бисер, суровината и натаму набавуваат од други земји по повисока цена:

„Ние мораме да купуваме од Укрина, Романија, Бугарија – поскапо е и со тоа очекуваме цената да расте. Ќе биде поскапо но битно е дека имаме залихи за идниот период“, вели Коста Ташков од „Брилијант“.

Дали во периодот што следи , македонската и српската влада повторно ќе се договараат за увоз на суровина, е неизвесно, но ако состојбата остане ваква, јасно е дека цената на зејтинот, ќе се покачува.

Во меѓувреме, Влада минатата недела даде препорака маркетите самите да одлучат колку шишиња зејтин максимално може да продадат на еден купувач. А ако не се почитува ова, Владата на седница ќе донесе одлука со која ќе ги ограничи количините. Ваквата препорака дојде откако било регистриранои дека некои граѓани купувале цели пакети зејтин.

Иако сега , препораката подразбира ограничување на продажбата на три шишиња по купувач, никој не може да контролира колку пати еден купувач зема по три литри од различни маркети.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles