12.5 C
New York
Saturday, October 1, 2022

Buy now

spot_img

За неработна недела Уставниот суд  не расправаше ниту денес.  Иницијативата е повлечена поради технички причини.

Иницијативата на Стопанската комора на Северна Македонија, поднесена до Уставниот суд за законската одредба за недела неработен ден на денешната седница беше повлечена од технички причини. Детали за нив нема, но   претседателката на Уставен суд , Добрила Кацерска апелираше  да се направат  исправки на рефератот во најкраток можен рок имајќи предвид дека се работи за актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана.

Преку оваа иницијатива Стопанска комора на Северна Македонија, ги оспоруваа последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата и во неа мегу другото стои.

Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, објаснија од Уставен суд.

Во врска со  Иницијативата   засега од Синдикатот не  коментираат  ништо   но  сметаат дека  за нив тоа е завршена работа и голема победа за работниците која им донесе повеке  права и време  за семејството.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,510FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles