Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, преку објава на својот фејсбук-профил уште еднаш ги повика земјоделците да аплицираат за финансиска поддршка за набавка за вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Висината на финансиска поддршка се движи од 2.500 до 4.000 денари по хекрат во зависност од културата.