16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Образовниот персонал  и учениците од утре се враќаат во  училиштата. Средната наставничка плата ќе биде  29.000 денари,  а  има план и како ќе се одработат деновите на штрајк.   

Штрајкот во образованието се уште не е целосно завршен и покрај тоа што СОНК и Владата вчера  начелно се договорија за зголемување  на платите од 12% .

Според првично прифатливите 12 % покачување, платата на наставниците во просек би се покачила за 3.100 денари и та аби изнесувала околу 29.000 денари.

Сепак ова не е она кое дел од наставниците го очекуваа, зашто штрајкот го започнаа со барање за покачување на платите од 18,6 , поради што тие излегоа на протести пред СОНК.

За претседателот Неделков, конечната одлука на крај на штрајкот сепак, ќе ја донесат членовите на СОНК:

Синдикатот со 50 % плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата. И од таа причина бидете сигурни дека без никаква манипулација, ќе бидат јавни и транспаретни одлуките на членството, изјави Неделков пред насобраните членови на синдикатот.

Од друга страна , министерката за труд и социјална политка Јованка Тренчевска се надева на позитивна одлука на СОНК

Иаку, СОНК и Владата вчера освен повисоки плати,   договорија и креирање нова методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на годинава, а ќе се применува од 2023 година и ќе биде дел од општиот колективен договор. Како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор ќе биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, којшто ќе почне да се исплаќа од следната година.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles