16 C
New York
Monday, May 29, 2023

Buy now

spot_img

Последните 2 недели се кулминација на ценовните покачувања.

Цените  на  клучните  животни артикли  во последните две недели се сместени на  најнедостапното место досега за граѓаните. Според анализите на специјализираниот портал  Барометар , вредноста на храната е отидена во облаците и  ништо не е како што беше и тоа  за  неверојатно кратко време.

Еве за колку  некои од  основните животни намирници  се покачени   за   

•        Кашкавали ајдамер и гауда – поскапување од 43 денари, монополистичка цена од 399 денари, скоро во сите маркети

•        Јајца – шаблон 30 – празнично поскапување од 48 денари во просек !

•        Мелено месо – пораст за 10 денари

•        Свинска кременадла – пораст за 15 денари

•        Говедско свежо месо – неверојатен пораст од во просек 84 денари!

•        Чајна – пораст во просек од 15 денари

•        Пиво – повторно поскапува во просек за 10 денари по литар!

•        Тоалетна хартија – 10 парчиња, трослојна – пораст во просек за неверојатни 42 денари!

•        Шеќер – незапаметен пораст од 16 денари во просек !

•        Јогурт – поскапување од 10 денари во просек !

•        Путер – поскапување од 10 денари во просек !

•        Домати – празнично – поскапување од над 50 денари !

•        Масло за јадење – просечно поскапување од над 40 денари ! 

Кај маслото за јадење, најсимптоматично е што – во маркетите каде  цената се движи околу 2 ЕУР го нема на полиците, додека во маркетите каде истото е околу 2,5 ЕУР   тоа може да се купи.

Ваквото синхронизирано поскапување, на артикли кои не се поврзани со синџири на снабдување, ниту со инфлаторни притисоци, единствено може да се толкува како синхронизирано, преќутно, монополизирање на цените, на грбот на граѓаните. Нашите финансиски власти, ниту го разбираат концептот преку кој народот се пљачка, ниту знаат како да го спречат истото, заклулува исражувачкиот тим на Барометар.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,787FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles