16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Медијатор ќе посредува помеѓу СОНК и МОН. Штрајкот во мирување, преговорите продолжуваат

Преговорите меѓу СОНК и МОН продолжуваат, а понудените 12 % покачување на платите не се прифатени, кажа денес на прес конференција претседателот на СОНК Јаким Неделков:

Тоа што денеска продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле понудените 12 проценти. Ние не прифативме ништо затоа што така одлучи членството на СОНК и на некој начин повторно се наоѓаме на почеток на преговорите. Со помош на овластен помирувач ќе се обидеме да ги добиеме бараните 18,4 проценти зголемување на платата, нов колективен договор и континуирано зголемување на платите за 2023 и 2024 година, изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Откако и по три недели преговори СОНК и МОН не најдоа заедничко решение,  помеѓу нив ќе посредува медијатор:

Во исто време, од страна на Министерството за труд и социјална политика, назначен е арбитер кој е должен веднаш да започне со постапката за помирување.

Од друга страна, наставници реагираат на помирувањето со МОН и велат дека тие никогаш не поднеле тужба до МОН и затоа нема потреба од помирување.

Доколку ние поднесевме тужба до МОН за да ни ги исплати парите за шесте години кога не беше направено усогласување на нашите плати, ќе можеше да се каже дека има потреба од помирување. Тука не станува збор за тужби, ние не сме во работен спор, туку сме во штрајк, реагираат наставниците.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles