По речиси три неработни недели , наставниците и учениците повторно се заедно, откако СОНК и Владата договорија „преговарачко полувреме“ .
Новиот почеток, е добар и за учениците кои имаа довболно време за свои активности.
Сепак, продолжението на наставата , олеснување им донесе на матурантите кои веќе изгубија надеж за нормален крај на учебната година.
Идентично тече наставата и во останатите делови од Регионот.
Враќањето во училишните клупи и редовниот режим на настава , веројатно, не значи и навремено завршување на учебната година, зашто пропуштеното ќе се надополнува.
Дали во меѓувреме СОНК и Владата ќе најдат заедничко решение, останува неизвесно, а нови предлози за решавање на ситуацијата, во моментов нема и од двете страни.