13 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Се повеќе млади си заминуваат од државата, дали Македонија има тенденција да стане земја на старци

Се повеќе млади својата иднина ја гледаат во странство. тенденцијата која е присутна со години наназад, ја потврди и последниот попис според кој доминатна старосна група е помеѓу 40 и 50 години.

Според познавачите на приликите, зад загубата на младо население се кријат повеќе причини кои државата, воопшто, и не ги гледа.

Идејата за иселување се провлекува со години, а трендот ни најмалку не се намалува, напротив од година во година се зголемува.

Првата идеја за иселување доаѓа уште со завршувањето на средното образование кога средношколците наместо универзитетите во нашата земја ги бираат оние во странство.

Дека ова е вака, потврдуваат и самите млади, кои веќе планираат заминување.

Трендот на иселување на населението во Македонија ја прави земјата држава на старци.

Според официјалната статистика за за само три години бројот на средношколци се намалил за 8.100.

Така , во 2017 година имало 76.394 средношколци, а во 2020 нивниот бројот бил  68.273.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles