15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Предупредувачки  протест пред штрајк  денес  организраа работниците на  ЈП Солидарност   од Виница.  Директорот не се јавува  а Градоначалникот тврди  дека   не знае ништо.

Двочасовен предупредувачки протест пред штрајк денес организараа вработените  во  ЈП Солидарност од Виница.  Вработени за ТВ Стар тврдат дека во петпријатието ништо не е  како што треба а работите досега не тргнале   на подобро како што се надевале.

Немаме земено плата за март, не се платени придонеси а немаме ниту надеж дека ке биде подобро. Ништо не е како што очекувавме. Денес мирно протестиравме и даваме шанса на директорпт и градоначалникот  состојбата да ја стабилизираат, изјави вработен  во претпријатието за ТВ Стар.

Оваа состојба во  виничкото ЈП   е актуелна подолг период  но рбетот на Солидарност  му  го  крши  новата цена на струјата  и горивата.  Ситуација  која  за новото раководство се испоставува  дека  засега  е пресложена. 

Од овие причини, струјата  таму беше исклучувана неколкупати  што предизвика прекин во работењето  но и покрај  потпишанаѕа спогодба со ЕВН, ЈП и градот пари за плакање на долгот не се обезбедени.

 Во врска со овие проблеми денес го побаравме градоначалникот Миле Петков  кој  пак не  упати на директорт на  ЈП .

По неколку обиди за разговор нашите напори останаа залудни бидејки  директорот  на нашите повоци не  одовараше по што се обидовме и со порака.

Директоре Ве бараме  од ТВ Стар  за изјава а во врска со актулената  состојба во ЈП Солидарност., стои во пораката на која  исто така немаше реакција.

Инаку, за тоа колку состојбата во Солидарност е сложена зборува фактот дека во моментов  тоа има  има долг од 70 милиони денари ли 1,1 милион евра а вкупниот број на вработени е 115. 

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles